Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот судијата во пензија, Бранко Секуловски, да биде судија во Уставниот суд на Република Македонија.
Пратениците досега, освен кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер. Тие, како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.
Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, покрај Секуловски, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска и обвинителот Тодор Витларов. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.
Седницата продолжи со расправа за останатите кандидати, поточно предлогот за судијката од Управниот суд, Весна Јовановска.