Бранко Манојловски од ДУИ ќе претседава со конститутивната седница

by fokus

Се очекува Трајко Вељаноски конститувната седница на Собранието да ја свика во петок. Со неа треба да претседава највозрасниот пратеник во овој состав на Парламентот, а тоа е Бранко Манојловски од ДУИ.

На пратеничката листа на ДУИ, Манојловски беше претставник на православните Албанци. Нов претседател на Собранието за разлика од минататите циклуси нема да се избере на оваа седница, бидејќи партиите се далеку од договор за коалиција за влада.

Според Уставот, конститутивната седница треба да се одржи најдоцна 20 дена по одржаните избори, односно до 31 декември. Конститутивната седница ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав.

Поврзани новости