408
Бранимир Јовановиќ попладнево преку Фејсбук соопшти дека се повлекува од Министерството за финансии. Тој вели дека одлуката ја донел пред некое време, но чекал првин да поминат изборите.
-Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии – напиша Јовановиќ на Фејсбук.
Тој вели дека сака повеќе да се посвети на семејството и блиските бидејќи во минатиот период ги запоставил.