Бранимир Џони Штулиќ, еден од најзначајните и најпознати рок автори од ЈУ – просторите, денеска полни 70 години.
На својот канал на Јутјуб, легендарниот музичар денеска објави ново видео, а се работи за песната „Седна мома на креветот“.
Бројни фанови ја искористија можноста да му го честитаат роденденот.
Роден е во Скопје на 11 април 1953 година, во воено семејство, но воениот рок на татко му го однел во Загреб, каде повремено го исмевале поради неговиот специфичен акцент, пишува „Danas.rs“.
Студиите ги започнал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, но се откажал од тоа и се посветил на свирење на акустична гитара, пишување текстови и песни и воопшто следејќи го својот пат.
Џони никогаш не сакал да се вклопи во калап, туку го правел тоа што го сакал и што му е привлечно, па инспирацијата ја наоѓал во разни теми и работи.
На бендот му го даде името Азра според истоимената песна, а самата постава помина низ различни промени и турбуленции. Помеѓу сето тоа Џони учествуваше во формирањето на бендот Филм и накратко беше член на групата Парни ваљак.
Од другарите од бендот добиваше разни не толку комплементарни епитети, но тоа не го спречи многу брзо да стане ѕвезда и Азра да добие култен статус.
Иако е рок поет, севдахот отсекогаш го привлекувал и почнал да го вклучува во своите песни.
По распадот на Азра, Џони ја продолжи својата соло работа и издаде уште неколку албуми самопродуцирани, пред да се повлече во Холандија.
Денес живее во гратчето Хаутен со сопругата, се занимава со превод на грчки класици, повремено објавува нешто ново на својот канал на YouTube и повремено ги коментира изјавите на поранешните колеги од бендот, со кои не е во најдобри односи.