Завчера во Рим, на фестивалот “Concerti del Tempietto” во Театро ди Марчело, се одржа целовечерна концерт, на пијанистките Марија Николовска и Нита Груби.
На програмата беа изведени дела од : Јоханес Брамс, Астор Пијацола, Сергеј Рахмањинов, Крсте Бадаровски, Франц Лист, но пиесата што навистина остави впечаток и ја крена публиката на нозе, беше македонското дело за четири рачно пијано “Македонска парафрази бр. 2” од македонската композиторка Бете Илин.
Концертот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Асоцијацијата Темпието, и Амбасадите на Р. С. Македонија во Италија и во Светата Столица Ватикан.
Марија Николовска и Нита Груби во текот на 2022г одржаа повеќе концерти во Скопје, Кавадарци, Софија, Прага , Приштина, Тирана и Рим, а концертната сезона ќе ја продолжат до крајот на годината со уште неколку концерти.