Во тек се последните подготовки пред утрешниот старт на саемското претставување на “Грин Машинс” на престижниот саем за еколошки напредни технологии ,ИФАТ во Минхен, Германија. На најиновативниот штанд ,подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата, ќе бидат претставени
Најновите револуционерни решенија имплементирани во единствените “грин машинс” возила и машини за чистење надворешни површини со специфични и различни намени.
Посетителите на минхенскиот саем ќе може одблиску да се запознаат со карактеристиките на возила од брендот „Грин Машинс“ од линијата на електрични возила и на хидрогенски погон.
Посебно место ќе заземе GM955, кој што е највпечатлив поради неговиот капацитет од 6 кубни метри. GM955 го обединува најдоброто, затоа што механичкиот дел од системот овозможува собирање на отпад од секаков вид и најразлични димензии и при тоа механичкиот принцип за собирање отпад е комбиниран со вакуум. Ќе се презентираат и возилото GM400ze, возило кое важи за најдобриот свипер во својата категорија. Ќе биде претставена и новата верзија на GM500ze со поголем кабински простор, како и првото возило за одржување на хигиена на хидрогенски погон во светот, GM500H2. ИФАТ ќе биде можност и за претставување на прототипот на новото возило, целосно дизајнирано и произведено во фабриката во Велес, GM720.
Покрај ова, штандот на „Брако“ и „Грин Машинс“ го имаат со најиновативниот еко-штанд во Минхен, подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата за заштита на животната средина преку имплементација на револуционерни технологии кои допринесуваат кон намалување на штетните емисии во воздухот и користење на обновливи извори на енергија.
На простор од 260 илјади метри квадратни со 18 хали и дополнителен надворешен простор за изложување, со демонстрација во живо, саемот ИФАТ е вистинското место на меѓународно вмрежување на професионалци од речиси 3.000 компании.