Сите 19 модуларни болници се изградени по стандарди пропишани во проектот на Светска Банка и документацијата на Проектната единица на Светската банка во Минстерството за труд и социјала, нагласуваат од „Брако“.
Од компанијата велат дека немало никакви технички отстапувања од добиените нацрти, како вид на материјали, изолации, инсталации, распоред на простории, прегради, лаборатории итн., за што потенцираат дека постојат сертификати, приемни документи, потпишани записници и сите останати потврди и докази.
-Дали и како се доопремувал објектот по примопредавањето, се користел или управувал од страна на самата болница и дали тоа било согласно насоките на Светска Банка и Светската здравствена организација за менаџирање во услови на ковид, не е во надлежност на БРАКО, се вели во соопштението на компанијата.