Брако: ИРЛ е осуден за клевета по тужба на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев

by Fokus

Порталот ИРЛ е осуден за клевета по тужба на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.“- информираат од „Фероинвест“ преку соопштение испратено до јавноста.

 Од таму додаваат дека Анѓушев и БРАКО го тужеле ИРЛ за емисија објавена на македонската телевизија во која според нив се изнесувале лажни конструкции без да му се даде простор на Анѓушев и на компанијата да изнесат своја страна и да дадат одговори на јавните неосновани прозивки.

 Како што додаваат од „Фероинвест“ Анѓушев лично и БРАКО ги негирале наводите и повеќе пати изјавиле дека ИРЛ е во постојан напад врз компаниите и нивниот сопственик, од причини непознати за јавноста.

Потсетуваме дека истата судијка во првата постапка ги ослободи ИРЛ од одговорност, и тогаш судијката не беше напаѓана ниту од ИРЛ, ниту пак од тужителот Анѓушев. Денес судот е напаѓан затоа што првата пресуда падна на Апелација и се спроведе повторено судење со изведување нови искази и докази и овој пат е пресудено против ИРЛ. По изрекувањето на пресудата, ИРЛ денес продолжи да ја демне компанијата. Лица од нивната група се распоредени околу деловната зграда и го фотографираат објектот и вработените.“- додаваат во соопштението.

-Ставот на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО, како фирми во сопственост на Кочо Анѓушев, е дека е лесно под закрилата на изразот ,,јавен интерес” постојано да се напаѓаат приватни фирми, стопанственици, луѓе кои ја прават економијата на една држава и да им се нанесува  штета во нивното работење.

„Како стопански субјект, ние ќе ја информираме Европската федерација на новинари за случувањата во ЗНМ, како и дека се злоупотребува името и кредибилитетот на Европската федерација, со нејзино доведување во заблуда за случувањата во Македонија, со цел лична корист на поединци во Здружението, кои за таа цел поддржуваат група која поради своите постапки е веќе осудувана за клевети и претходно“, се вели во соопштението.

Поврзани новости