„Браќа Манаки“ годинава ќе се одржува онлајн

by Frosina Fakova

Годинешното 41. издание на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржува на дигиталните платформи, а само еден настан ќе се одржи на 19 септември во Битола.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Гена Теодосиевска, директорка на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и Игор Иванов Изи, претседател на ДФРМ и основач на ИФФК „Браќа Манаки“.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните подготовки за годинешното 41-во издание на фестивалот, што поради пандемијата на ковид-19, наместо со традиционалните проекции, ќе се реализира преку дигиталните платформи, а единствениот настан во Битола ќе се одржи на 19 септември.

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Поврзани новости