Брачниот пар Дрвошанови како принц и принцеза ја предводеа карневалската поворка во Струмица

by Fokus

Синоќа во хотелот „Сириус“ во Струмица традиционално беа избрани принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Годинава честа да ја предводат карневалската поворка која е во тек вечерва, им припадна на Катерина и Митко Дрвошанови, брачен пар од Струмица.

Веднаш по прогласувањето тие изјавија дека се горди што ја добиле можноста да бидат принц и принцеза и се заблагодарија на управниот одбор на карневалот.

- Advertisements -

Од одборот пак, им врачија медали.

Дрвошанови кажаа дека со големо задоволство ќе ја предводат поворката, со цел да се унапреди вековната струмичка традиција.

Покрај нив, вечерва низ струмичките улици дефилираат околу илјада учесници на карневалот, како од земјава, така и групи од странство.

Вики Клинчарова

Поврзани новости