Брачна двојка ги скрила двете бебиња пред смртта – терористите од Хамас не ги пронашле

by Fokus

Итаи и Хадар Бердичевски биле нападнати во нивниот дом во Кфар Газа, општина во јужен Израел, која се наоѓа на околу 5 километри источно од Газа.

Младата израелска двојка била убиена од терористите на Хамас откако упаднале во нивниот дом. Но, за среќа успеале да ги скријат своите десетмесечни близнаци пред доаѓањето на терористите, а бебињата подоцна биле пронајдени живи.

Тие двајца се обиделе да ги спречат напаѓачите, но и двајцата биле убиени, пишува New York Post.

14 часа подоцна, израелските војници ги пронашле неповредените бебиња и ги предале на нивната баба.

Поврзани новости