Брачен пар од Штип загина во сообраќајка

by fokus

Брачен пар од Штип синоќа загина во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка.

При судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П..

Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое е повредено.

Увидот треба да утврди кои се причините за сообраќајката која се случила синоќа во 23.20 часот.

Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка“ која води до приградските населби и индустриската зона Македонка, но е и излез и влез на Штип кон Кочани.

Поврзани новости