Двајца прилепчани загина во сообраќајка

by fokus

Маж и жена од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат се уште увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин.

Поврзани новости