За политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, ставовите на лидерот на Левица, Димитар Апасиев се повеќе популистички, отколку радикални.
Додека кај главните политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ паѓа бројот на гласачите на секои избори, Левица бележи постојан раст.
Божиновски анализира дека партијата успешно го зголемила гласачкото тело од корпусот на разочарани гласачи што претходно го дале својот глас за некоја друга партија, вклучително и од левицата, но и од центарот и од десницата.
-Затоа самата идеолошка матрица на Левица еволуираше и стана прифатлива и за гласачите од центарот, но и за оние од десниот идеолошки спектар.
Вклучувајќи одредени популистички одредници во своето дејствување, Левица успеа да се наметне како алтернатива за незадоволните гласачите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и помалите партии и на тој начин по подолго време на македонската политичка сцена имаме трет сериозен политички играч, анализира Божиновски.
Фросина Факова-Серафиновиќ
Целиот текст може да го прочитате во електронското издание на неделникот Фокус.