Божиновски: Реалната излезност е околу 70 отсто

by Фокус

Иако излезноста на денешните локални избори е далеку пониска во споредна со претходните пред 4 години, сепак, аналитичарите сметаат дека не се работи за ниска излезност.

Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања-Скопје вели дека излезноста од околу 50 отсто реално значи излезност од околу 70 отсто, доколку, како што изјави на Сител, се има во предвид дека избирачкиот список е предимензиониран.

-Голем број од луѓето запишани во избирачкиот список не живеат овде од што произлегува дека реалната излезност е поголема – рече тој.

Поврзани новости