Божиновски проценува излезност од 51 отсто

by Фокус

Политикологот Владимир Божиновски очекува дека излезноста на изборите до крајот на гласањето во 21 часот ќе достигне 51 процент.

-Мотивираноста на гласачите секогаш е висока. Без короната сигурно излезноста ќе беше накај 60 отсто, што е помалку од оние проценти од над 60 отсто од последните десетина години, но пак би било високо. Треба да имаме во предвид дека 20-25 отсто од запишаните во избирачкиот список не се во државата, па оттука имаме излезност од 70-75 отсто на оние што се тука – рече Божиновски на Сител.

Поврзани новости