Божиновски прашува: Како споменикот во Слупчане ќе ги обедини граѓаните?

by Fokus

Универзитетскиот професор Владими Божиновски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за отворањето на споменикот во Слупчане.

Како што вели тој, загрижен е поради нефункционалноста на институциите во нашата држава.

„Кај нас во политичката неинвентивност кога партиите сакаат да им се додворат на своите гласачи прибегнуваат кон добро проверени политички рецепти меѓу кои е и градење на некакви споменици и преку кои сакаат да покажат дека се најдобрите претставници. Затоа има и некои трагикомични моменти, се гради споменик во една од најсиромашните општини во земјава. Ме загрижува нефункционалноста на институциите. Видовме дека Министерство за култура се прави ненадлежно иако за сите споменици мора свое мислење да даде и Министерството, се добива чувство дека секој може да прави што сака, се упатува лоша порака кон граѓаните. Ако беше се како што треба со сите дозволи, одобренија, но има тотално заобиколување на законите и прописите. Таа е негативната порака. Јас не знам како тој споменик ќе ги обедини граѓаните“ – вели Божиновски.

Поврзани новости