Влада на СДСМ нема политички легитимитет после поразот на локалните избори, во кои својот политички авторитет го вложи Зоран Заев, вели политичкиот аналитичар и универзитетски професор Владимир Божиновски, во изјава за најновиот број на неделникот Фокус.
-Едно е да правиш промени во опозиција, а друго на власт, кога не можеш да се ослободиш од разни спреги и влијанија. Во случајов, не станува збор за влада избрана по добиена поддршка на парламентарни избори, туку за влада со нов премиер, поставен за лидер на СДСМ со поддршка на неговиот претходник, кој одлучи да се повлече после изборен пораз – посочува Божиновски.
Тој додава дека зад заминувањето на Заев и поставувањето на Димитар Ковачевски за нов лидер на СДСМ и премиер се крие обид за трансферирање на одговорноста врз други луѓе од, според него, изборниот пораз што неминовно ќе следува.
-Сите истражувања покажуваат дека на следни парламентарни избори СДСМ ќе загуби од ВМРО-ДПМНЕ, само прашање е со колкава разлика. Затоа, се прави еден вид кризен менаџмент, така што следниот изборен пораз треба да се им се припише на новите луѓе, а старите или дел од нив можеби да се вратат како спасители – коментира Божиновски.
Тој посочува дека СДСМ откако дојде на власт во 2017 година изнесува ветувања кои не успева да ги испорача, како што се преговорите со ЕУ, иако, потенцира Божиновски, дури и да започнат тоа само по себе не значи подобар живот и повисоки стандарди.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
В.С.