„Јасно беше дека ќе дојдеме до оваа позиција, тоа го предупредувавме сите, би рекол целата јавност но пред се граѓаните со оние протести минатата година, кога му велевме на Ковачевски да не потпишува за кое целиот народ е против и за кое му треба помош. Не може да потпишете нешто и да очекувате друг да прифати без да го консултирате“.
Ова вечерва го изјави политичкиот аналитичар Владимир Божиновски на тв Сител.
За посетата на Ескобар, Божиновски вели дека се направи фама дека доаѓа да ја реши ситуацијата и опозицијата ќе потпише, но…
„САД секогаш се тука кога и треба помош на Македонија и Ескобар доаѓа да види дали има можност да се излезе од оваа пат позиција. Не е дојден дека на некој ќе му виткал рака, ќе убедувал или веднаш ќе прифати опозицијата. Сега има опција опозицијата да прифати, што е неверојатно, затоа втората опција е да има избори што е поверојатна опција ако сакаме излез и трета опција е ништо да не се смени. Втората опција за предвремени избори има повеќе шанси, затоа што власта го изгуби легитимитетот за носење на крупни одлуки“ – рече Божиновски.
„Кога се отвораше седницата за промените во устав немаше протести затоа што граѓаните беа сигурни, ВМРО-ДПМНЕ една година повторува дека нема да дозволи промена на уставот и тоа се виде“ е ставот на Божиновски.
Тој нагласи сега нема сега начин на пратеник кој доаѓа од опозиција да го убедите да гласа за уставни измени.