588
Новинарот Зоран Божиновски денеска беше пуштен од притворот од затворот во Шуто Оризари. Тој во притвор помина речиси 15 месеци.
Кривичниот суд вчера одлучи да му го укине притворот и да го замени со други мерки на претпазливост.
-Постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена, беше наведено во соопштението од Судот.
ФОТО: ПлусИнфо