Божиновска: Не сум изјавила дека се чуствувам како Бугарка, тоа го прават бугарските адвокати

by fokus

Министерката за енергетика Сања Божиновска се огласи на социјалните мрежи по повод изјавата на Илијана Јотова, која кажа дека лично ги видела нејзините документи, и таму стои дека изјавува дека има бугарска самосвест.

Божиновска реагира дека тоа го правеле бугарски адвокати, а таа во ниту еден момент не изјавила дека се чувствува како Бугарка.

„Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век.
Ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се чувствува за Бугарин, туку тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат.
Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин. Всушност тоа го видовме и на пописот во Македонија со екстремно симболичната бројка на попишани Бугари.
Луѓето, како и јас, побарале бугарски пасош од една и единствена причина, економски потреби за работа надвор од Македонија“, стои во објавата на Божиновска.

Поврзани новости