451
Ќе се консултирам со адвокат, кусо одговори министерката за енергетика Сања Божиновска на новинарско прашање на 360 Степени дали може на увид на јавноста да ѝ стави документ од бугарските власти со кој ќе потврди дека веќе не е бугарска државјанка.
Таа на денешната конференција за печат рече дека исто така ќе се консултира со адвокат во врска со прашањето, дали сè уште има бугарска самосвест.
Божиновска рече дека во нејзината официјална биографија е јасно наведено дека е македонска државјанка и дека поседува и чешко државјанство.
– Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија – одговори Божиновска во јуни.