110
Една жена (63 години) загина откако вчера на божиќен пазар во Белгија врз неа паднала елка висока 20 метри, јавија локалните медиуми.
Огромното дрво на божиќниот пазар во градот Одернад, на околу 50 километри западно од Брисел, вчера вечерта не издржало силен налет на ветер, јави белгиската новинска агенција Белга.
Местото на несреќата е опколено и надлежните вршат увид.
Елката паднала врз три лица, од кои едното починало набргу во болница од тешките повреди. Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка е лошо осигурана. Видеата покажаа дека дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне.
Локалните медиуми ја цитираа изјавата на градоначалникот Марник Де Меулеместер дека обилните дождови и силните ветрови го собориле дрвото.