По спорот со Германија за можни ограничувања за увоз на ловечки трофеи, Боцвана денеска објави план за уништување на 20.000 слонови.
„Како што знаете, Боцвана со почит и понуди на Германија 20.000 слонови во април оваа година, но досега не добивме никаков одговор од германската влада“, рече претседателот на африканската земја, Мокгвееци Масиси, во интервју за германскиот весник „Билд“.
Тој рече дека неговата земја, како и цела јужна Африка, се соочува со „најлошата суша во последните 50 години“ и дека „нашиот народ гладува, а слоновите се во опасност да умрат“.
„Кога луѓето гладуваат, наша должност е да ги нахраниме. И да ви кажам право, тие јадат и слонови“, рече Масиси.
Претседателот на Боцвана не прецизираше кога би можело да започне убивањето на слоновите. Во позадина на ситуацијата е жестока дискусија започната во пролетта годинава за евентуални дополнителни ограничувања на увозот на ловечки трофеи. Германската министерка за животна средина Штефи Лемке се смета за поддржувач на овие ограничувања и е на удар на претставниците на африканските земји, особено Боцвана.