Боцевски: Во Битола, во саботата не функционираше македонската држава

by Fokus

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во саботата, во Битола не функционирала македонската држава.

„Не постои приватна посета на премиер и претседател, така е во дипломатијата се најавува посета на премиер и претседател. Нашиот претседател реагира на Фејсбук, врховен командант на војската. Ако има против таков чин нашиот претседател, требало да му каже на министерот Бујар Османи, не може да го одбие министерот „Извини, ќе им кажете да не доаѓаат“. Во Битола во саботата не функционираше македонската држава, тоа што револтира и тоа што прави бесна реакција кај сите е тоа каде беше Петков во саботата? Во Македонија? Во Бугарија? Бележеше територија?“, вели Боцевски.

Поврзани новости