824
Легитимно е САД да имаат своја политика на Балканот, тие овде се клучна критична сила уште од 1990 година и се вложија многу во делот со Преспанскиот договор, истакна поранешниот вицепремиер и амбасадор Ивица Боцевски.
-Ова е суштинско прашање, затоа што голем дел од Македонците не го признаваат легитимитетот на Северна. Од демократски позиции, не гледам никаков проблем да се оспорува Договорот од Преспа и тоа што го донесе – рече Боцевски на ТВ 24.
Инаку, Белата куќа соопшти дека извршната наредба обезбедува дополнителни санкции против поединци или субјекти кои им се закануваат на мирот и стабилноста во регионот и ги поткопуваат демократските процеси или се занимаваат со сериозни кршења на човековите права и корупција.