Боцевски: Ова веќе иритира, ДУИ владее со државава

by Fokus

Најавите за премиер Албанец од страна на ДУИ се соголен национализам, секогаш кога ДУИ има проблем со гласачите ја вади од ормарите крвавата кошула од УЧК и од таванот ги симнува излижаните чизми за да си го обнови рејтингот, рече поранешниот амбасадор и политички аналитичар, Ивица Боцевски, во вечерашната дебата „Само вистина“ на Канал 5.

-Никој не ја купува оваа реторика, иако ДУИ е партија на апартхејдот. Ние гледаме институционална дискриминација на македонскиот народ на секој чекор. Излегува премиерот и вика не е битно како народот гласал, го игнорира мнозинството. Податок кој денес ме фрапира, на една од државна клиники од 10 специјалисти годинава 9 се Албанци, а еден е Македонец. Немам проблем со ова, но ова не е резултат на квалитетот на кадрите, туку на политиките што СДС ги прави со ДУИ – рече Боцевски.

Според Боцевски владеењето со државата му е препуштено на ДУИ.

-Ова иритира, владата е изместена, очигледно интерес не и е владеење со Македоија, туку уште нешто да се поткрадне. Владеењето му е пропуштено на ДУИ. Во влада седат луѓе кои се помоќни од Ковачевски – рече Боцевски.

 

Поврзани новости