Босна и Херцеговина ќе добие препорака за почеток на преговорите со ЕУ

by fokus

Босна и Херцеговина ќе добие зелено светло за почеток на преговорите за влез во ЕУ, а Европската комисија треба да ја објави таа вест во вторник, со што ќе се отвори патот земјата конечно да стане членка на Унијата, пишува Политико.

ЕУ и додели на Босна и Херцеговина кандидатски статус во декември 2022 година, пренесува „Н1“.

Европската комисија сега ќе ѝ даде на таа земја позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, изјавија за Политико двајца претставници на ЕУ и еден дипломат, а пренесува „Н1“.

Украина и Молдавија, исто така, треба да направат чекор понатаму во процесот на проширување.

Европската комисија во вторник ќе ги предложи таканаречените преговарачки рамки кои ги одредуваат насоките и основните принципи на нивните пристапни преговори. Потоа останува на земјите од ЕУ да разговараат за овие текстови. Дипломати и претставници на ЕУ предупредуваат дека договорот меѓу 27-те европски земји, кој е неопходен за официјален почеток на преговорите, најверојатно нема да биде постигнат пред европските избори во јуни.
За некои земји од ЕУ, вклучително и Австрија, од витално значење беше напредокот во Украина и Молдавија да оди рака под рака со напредокот во идното пристапување на Босна и Херцеговина.

Следниот чекор сега е лидерите на ЕУ да разговараат за препораката за Босна и Херцеговина на нивниот состанок во Брисел следната недела, пренесува Политико.

Поврзани новости