717
Од Владата за „Фокус“ велат дека претседателот, Ѓорге Иванов, бил поканет да присуствува на денешната свеченост пред Влада на која беше подигнато знамето на НАТО. Од кабинетот на претседателот останаа недостапни за изјава, но за телевизија „Телма“ соопштиле дека претседателот не бил поканет на денешната церемонија.
Пред Влада беа присутни голем број високи сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и поранешни премиери, но не беше присутен врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Празно остана и столчето кое беше наменето за поранешниот претседател, Бранко Црвенковски.