Владата побара од МВР да истражи на кој начин претходната владина гарнитура ги набавувала авиобилетите, бидејќи како што појасни денеска портпаролот Миле Бошњаковски, постојат сомнежи за злоупотреби.
Бошњаковски истакна дека се бара истрага за сторена повреда на одредби од Кривичниот законик за начинот и за процедурата за набавка на авиобилети од Службата за општи и заеднички работи за време на мандатот на пртеходната влада, за периодот од 2014 до 2017 година.
Според податоците, по распишан тендер за ангажирање фирми што ќе вршат резервации на авиобилети, биле склучени рамковни спогодби со повеќе компании. Но, утвредно е дека одговорните во Службата за општи и заеднички работи доставувале барања за понуди за авиобилети само до една компанија, а не до сите, како што биле обврзани со рамковниот договор.