409
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, ги демантира информациите кои излегоа во јавноста дека расте револтот кај граѓаните и оти се исшкртани табли со новото уставно име Република Северна Македонија.
„Лажна вест е дека има исшкртани табли, новите табли не се поставени сè уште никаде“, напиша Бошњаковски на Твитер.
Според предвидените процедури табли со новото уставно име ќе почнат да се поставуваат откако во Службен весник ќе излезе дека Грција ги ратификувала Пристапниот протокол за членство во НАТО и Преспанскиот договор.