Бошњаковски го напушта Заев за Пендаровски?

by fokus

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, најверојатно ќе биде дел од тимот на претседателот, Стево Пендаровски. Според извори на „Фокус“ Бошњаковски ќе премине во кабинетот на Пендаровски, но нема и понатаму да биде задолжен за односи со јавноста, туку најверојатно ќе ја заземе позицијата шеф на кабинет на претседателот.

Бошњаковски за „Фокус“ одби да ги потврди или негира овие информации и рече дека се уште нема ништо официјално.

Новоизбраниот шеф на државата, инаку, деновиве го екипира својот кабинет. Освен Бошњаковски, најверојатно во кабинетот на Пендаровски ќе влезе и универзитетскиот професор Александар Спасов, кој ќе биде еден од советниците.

Неофицијални извори велат дека во тимот на Пендаровски ќе биде и поранешната новинарка, Катерина Цаневска, која беше портпарол на екс градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Во изборот на Пендаровски биле и Ана Чупеска Станишковска, доцент на Правен факултет, како и активистката Мерсиха Смаиловиќ, но за нив се уште нема потврда.

Поврзани новости