482
Во овие болни седум години како политичка сила постоиме затоа што го почитуваме поединецот, затоа што луѓето веруваат во нас. Постоиме затоа што сакаме да ги вратиме вредностите на ВМРО, вредности кои злоупотребени од еден режим, кој се служеше со методи познати од минатото, рече Љубе Бошкоски на отварањето на партискиот штаб во Крива Паланка.
-Во овие 11 години Македонија живееше во шепот и страв. Тој се инсталираше во државата како начин на живеење. Новинарите и граѓаните се поделија на подобни и неподобни. Никола Груевски успеа да го подели македонскиот народ, рече Бошкоски, кој додаде дека Груевски во својот последен обид за спас бил подготвен да ја втурне Македонија во граѓанска војна.