432
Љубе Бошкоски кој денеска беше ослободен од обвинението дека незаконски финансирал политичка кампања, не го криеше задоволството од таквиот судски епилог.
„Ова го доживувам како победа. Времето поминато во затвор никој не може да ми го врати, но ги охрабрувам сите судии да ги земат предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците. Моментално ќе се повлечам од политиката поради приватни причини. Се надевам дека можам уште да придонесам за мојата Македонија сега кога знам дека немам никаков багаж зад мене со мојата партија“, рече Бошкоски по ослободителната пресуда.