Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, преку писмо се заблагодари на илјадниците честитки упатени до него, по неговото излегување на слобода.
Тој порача дека не се откажал и нема да се откаже од борбата за слободна Македонија, додавајќи дека сега сака да го помине летото со семејството во неговото родно село Челопек по долгите години самување.
– Ова се големи денови за мене, по толку робување поради правосудните неправди што ми беа нанесени. Сè уште се привикнувам на слободата и во овие денови приоритет ми е моето семејство, мојата ќерка, синовите и сопругата, кои се бореа за мене во годините на долгото заточеништво предизвикано од туѓата нечиста совест. Сега тука сум да се обидам да им надоместам барем еден мал дел од пропуштеното и ве молам од длабочината на моето срце да ме разберете. Семејството е најсветото нешто на светот на секој човек. Доаѓаат тешки денови, денови кога мора сите заедно да сме сплотени и да ја донесеме Македонија на правиот пат, вели во писмото Бошкоски.