Бошкоски: Ме вратија од полициска станица и повторно ме апсеа затоа што телевизија не ме снимила првиот пат

by fokus 14:45
14:45

Не сме тука за материјалната штета, тука сме за штетата која ми е нанесена мене, на моето семејство на мојата политичка партија во овој политички монтиран процес за кој се изјасни цел демократски свет, изјави денеска лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, по денешното рочиште во предметот „Тортура“, за неговото апсење на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“.

На денешното рочиште обвинетите се изјаснија за невини, но, како што рече Бошкоски, се надева судот во праведна постапка ќе го докаже спротивното.

- Advertisements -

-Ќе бидеме сведоци на она што ќе биде прикажано во судницата. Вие сами бевте сведоци на брутално малтретирање и на тоа што повторно ме доведоа од полициска станица на местото на апсење, како во некој режиран филм, затоа што некоја камера од некоја телевизија тоа не го снимила во првото апсење. Тоа е бруталност пар екселанс за што сигурно ќе одговараат и мора да одговараат – рече тој.

 

 

Поврзани новости