Босански министер почина од корона вирус

by Fokus

Министерот за прашања на борците и инвалидите во Владата на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ почина денеска од последици на новиот корона вирус на Клиниката за пулмологија во Сараево.

Тој десетина дена бил хоспитализиран откако тестирањето покажало дека е позитивен на Ковид-19.

Здравствената состојба на Букваревиќ се влошила во понеделникот, а претходните денови бил на терапија со кислород, но тоа не било доволно поради силното воспаление на двете белодробни крила. Поради тоа вчера попладне бил приклучен на респираторна машина.

На Букваревиќ на 22 јули му е потврден позитивен тест на корона вирус.

Функцијата министер за прашања на борците и инвалидите во Владата на Федерацијата на БиХ ја извршувал од 2015 година.

Поврзани новости