Босанец (21) и Хрват (29) силувале 74-годишна жена во Австрија

by Fokus

Австриските медиуми открија шокантни детали од силувањето на австриската пензионерка (74) која беше нападната во ноември минатата година додека го шеташе своето куче, за што беа уапсени државјани на Босна и Херцеговина и Хрватска.

Имено, двајцата осомничени ја фатиле и насилно ја внеле во автомобилот, а потоа ја принудиле на орален секс.

Според пишувањата на медиумите, таа на 30 ноември пешачела по својата вообичаена рута во Траискирхен, Долна Австрија. Одеднаш ја вовлекоа во автомобилот. Не ни знаела што се случува, а веќе ја натерале орално да ги задоволи. Додека таа давала отпор, еден од осомничените ја влечел за коса и и удрил шлаканици.

Сето тоа е документирано при последователниот преглед во болницата.

Нејзиниот адвокат Раимунд Шулер во изјава за „Кроне“ изјави дека прво ја прашале колку години има, а таа, надевајќи се дека ќе биде ослободена, рекла дека има 76 наместо 74. Меѓутоа, еден од осомничените само на шега одговорил: „Добро е, тогаш не можеш да забремениш“.

За среќа, случајните минувачи го слушнале нејзиниот очајнички плач и веднаш реагирале, а набрзо пристигнала и полициската патрола. Најпрвин очевидците мислеле дека се работи за грабеж, но дури подоцна се дознало дека се работи за нешто многу пострашно.

Наводно и рекле: „Ако кажеш некому, ќе те најдеме“, но набрзо побегнале од местото.

Нејзиниот адвокат вели дека и двајцата, 21-годишен државјанин на БиХ и 29-годишен државјанин на Хрватска, биле под дејство на наркотици, како што покажал тестот. Двајцата се задржани во затворот „Винер Нојштад“ и не се изјаснија за обвиненијата за време на сослушувањето.

„Се надевам дека нивната казна ќе биде соодветна за страшното дело што го направија. Исто така, нивната казна треба да послужи како пример за другите“, рече адвокатот Шулер.

Поврзани новости