Борут Пахор ја напушта словенечката политика

by Фокус

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува в година, рече дека нема планови за понатамошно учество во политиката.

-Многу ми е важно да си ја работам работата до последниот ден од следната година за да може задоволен да си заминам од ова место. Тогаш, по десет години, ќе може да кажам: она за што се натпреваруваше за оваа позиција повеќе или помалку го постигна, а сега можеш да си заминеш со чиста совест – рече Пахор во традиционалното предновогодишно интервју за словенечката телевизија.

Кога ќе ја напушти функцијата, Пахор ќе има 59 години и вели дека нема интерес за словенечката политика, но не открива што ќе прави.

Поврзани новости