516
Сопственикот и водач на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите сили ќе го напуштат украинскиот град Бахмут на 10 мај.
– Во име на борците на Вагнер, во име на командата на Вагнер, изјавувам дека на 10 мај 2023 година сме обврзани да ги префрлиме нашите позиции во населбата Бахмут на единиците на Министерството за одбрана и да ги повлечеме остатоците од логистичките кампови на Вагнер, за да можеме да се прегрупираме. Ги повлекувам единиците на Вагнер од Бахмут бидејќи е бесмислено во недостиг на муниција да се оди во пропаст, истакна Пригожин.
Формацијата Вагнер ги предводи обидите на руската армија да го заземе Бахмут, градот кој беше сцена на најдолгите и најкрвавите битки во војната во Украина.