Борко Ристовски, поранешниот чувар на мрежата на ракометната селекција на Македонија и сегашен член на Вардар 1961 пред неколку дена доби документ од Македонскиот олимписки комитет во кој имаше одлука за суспензија во период од четири години поради ставови пренесени во ТВ-емисија.
„Gol.mk“ веднаш го контактираше искусниот голман, кој беше краток во одговорот, но ни потврди дека наскоро ќе организира прес-конференција на која ќе ги каже своите ставови. Истата веќе е закажана и ќе се одржи в петок во Скопје.
„Почитувани медиуми, Ве поканувам на прес-конференција што ќе се одржи во петок (28 април 2023 година) со почеток во 11:00 часот во конференциската сала во „Хотел Сити Парк” во Скопје. Тема на прес-конференцијата ќе биде последната одлука на МОК, и запознавање на јавноста со сите нерегуларности во работата на МОК“, соопшти македонскиот голман.