Долгогодишниот ракометен репрезентативец на македонија – Борко Ристовски заработи четиригодишна суспензија, поради клеветите кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски.
Димевски го пријавил голманот на скопски Вардар 1961 за навредите на негова адреса за време на гостување на една македонска телевизија, по што следуваше и состанок на Дисциплинската Комисија и изрекување на казната за Ристовски, за прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник.
Според одлуката, Борко Ристовски е казнет бидејќи „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.
Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните 8 дена.