Борјан Јовановски со џоинт ќе протестира пред ОЈО

by fokus

Новинарот Борјан Јовановски најави на својот фејсбук профил дека утре со џоинт ќе протестира пред Основното јавно обвинителство поради притворот на активистката Моника Ристеска. Тој ги повика да му се придружат сите поддржувачи на легализација на марихуаната за рекреативна употреба.

„Драги пријатели, сите кои конзумирате канабис ве повикувам утре на пладне секој со својот џоинт да се собереме пред ОЈО. Притворот за луѓето кои уживаат канабис е недопустлив во ова време кога цел цивилизиран свет го легализира уживањето на марихуаната! Притвор за криминалци Слобода за слободољубци. Правда за @monikakonopova“, напиша тој.

Поврзани новости