Борјан Јовановски: Шокиран сум од примитивизмот на власта

by Фокус

Новинарот и уредник на НОВА ТВ, Борјан Јовановски во изјава за Фокус вели дека е шокиран од вечерашниот настан, кога непознато лице на неговата сопруга во домот и оставило погребен венец со натпис „Последен поздрав“.

-Не знам што да кажам. Шокиран сум од нивото до кое е дојдена политичката култура на власта. Ова е чист примитивизам. Моментално не сум во Скопје, но имам информации дека полицијата веќе дошла во мојот дом да изрши увид, изјави Јовановски за Фокус.

Непознатото лице кое го оставило погребниот венец на сопругата на Јовановски и рекло дека тоа е „поздрав“ од Тодор Александров. Во моментот на настанот, во семејниот дом биле и малолетните деца на новинарот.

Ова не е првпат тој да добива закани, но ова е една од најдиректните закани по живот. По ниту една од досегашните закани, Јавниот обвинител нема преземено ништо.

 

 

Поврзани новости