Податоците на бугарската ЦИК покажуваат дека по 81 отсто обработени гласови, коалицијата на Бојко Борисов има два отсто повеќе гласови од коалицијата на Кирил Петков.
Коалицијата ГЕРБ-СДС води со 26,67 отсто од гласовите, додека ПП-ДБ има освоено 24,68 отсто од гласовите.
Во битка за третото место води Преродба со речиси два отсто пред ДПС. Од досега обработените 81 отсто од гласовите, Преродба освоила 14,58 отсто од нив, а ДПС12,69 проценти од гласовите.
На петтото место е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со освоени 9,03 отсто од гласовите и Има таков народ (ИНТ) со освоени 4,25 проценти. Партиите Бугарски подем и Левица добиле 3,07 отсто и 2,28 отсто од нив.
За влегување во Парламентот во Бугарија, потребно е партијата, односно коалицијата да освои најмалку 4 отсто од гласовите.