Борисов: Северна Македонија да не тера внатрешна политика на наш грб

by Fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашната онлајн-средба ЕУ- Западен Балкан порача дека Бугарија ќе помогне на Северна Македонија, но како што истакна, кажани се условите, јави бугарското радио „Дарик“.

– ЕУ целосно го поддржа ветувањето кон партнерите од Западен Балкан за соработка за нивно придружување. Бев многу поддржан од други колеги, зашто искажав разбирање кон нашите колеги, вклучително и за тоа што во предизборната кампања им се испушта и патриотизмот, но таму даваат недозволени изјави – рече Борисов.

Бугарскиот премиер им дал најбратски совет на Македонците да го користат тоа што еднаш им се дава како можност.

– Ние нашата работа ја завршивме, подготвени сме да помогненеме, но и кажавме кои се нашите услови. Тоа (влегувањето во ЕУ) не е според желбите, ако нешто не ти се допаѓа, да не го правиш – рече Борисов.

Поврзани новости