Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов изрази подготвеност да го поддржи актуелниот премиер Кирил Петков за да се реши спорот со Македонија и вели дека земјава треба да направи некои отстапки, Бугарија ќе направи отстапки за да се тргне ветото и Македонија да ги почне преговорите со Европската унија.
-Ние им кажавме на нашите соседи, постојат две-три теми: малцинствата, промената во Уставот и изјаснувањето за историјата. Кога ќе ги решите, ќе продолжите напред.
Ние на никаков начин не ги запираме, но како да им кажеме – повелете во Европската унија, а потоа да ја наполниме Унијата со проблеми за кои не се разбираме.
Затоа ги забавивме. Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме, изјави Борисов.