Борисов се врати 5 години назад: Со Заев покажавме храброст

by Фокус

Пред пет години јас и премиерот Зоран Заев покажавме храброст и одговорност за иднината со потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, порачува поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов во порака на социјалните мрежи по повод пет години од потпишувањето на тој Договор.

-Скопје е во НАТО и преговара со ЕУ, а ние имаме сосед кој се обврза да ги почитува европските вредности: да ги заштити сите свои граѓани, да престане со дискриминацијата на Бугарите и да отвори економски и културни контакти – вели Борисов.

Лидерот на ГЕРБ потсетува и дека неодамна неговата партија го поддржала почетокот на преговори, откако се изјасни дека го поддржува францускиот предлог и дава зелено светло за преговори на Северна Македонија со ЕУ.

-ГЕРБ пред неколку дена уште еднаш покажа колку одговорно постапуваат политичарите – го поддржавме почетокот на преговорите помеѓу РСМ и ЕУ. Нашата поддршка за нашите соседи ќе продолжи без разлика дали сме на власт или во опозиција бидејќи овој пат е вистинскиот – рече Борисов.

Поврзани новости