Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов го обвини претседателот и кандидат за втор мандат Румен Радев, дека само за една недела успеал да ја скара Бугарија со сите соседи.
Од најомилената земја на Балканот, според Борисов, Бугарија сега е скарана со сите соседи и се мрази со Северна Македонија и со Албанија, се мрази Турција и постои реална закана од етнички конфликт и закана од илегални мигранти.
Борисов истакна дека е срамно Радев да оди на средбите на врвот на НАТО, да ја раководи иницијативата „Три мориња“ и да кажува потоа, дека Крим ѝ припаѓа на Русија.
Борисов ја искористи можноста да ги обвини своите противници од Демократска Бугарија, Христо Иванов и Атанас Атанасов и неговиот поранешен најблизок партнер во ГЕРБ, Цветан Цветанов.
Борисов е зачуден и што потенцијалниот кандидат за премиер на Бугарија, Кирил Петков, стои покрај Румен Петков, кој го прекрши меѓународното право, а тој молчи.