ГЕРБ на Бојко Борисов предложи 24 мај да биде национален празник наместо и 3 март,што предизвика скандал.
Инаку, пратениците на ГЕРБ-СДС предложија националниот празник на Бугарија да биде 24 мај – денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература.
Причината за промената е што на 3 март Бугарија требаше да изрази благодарност до Русија за ослободувањето од османлискиот јарем и формирањето на Санстефанска Бугарија.
Петар Канев од Бугарската социјалистичка партија на дебатата рече дека 24 мај е официјален празник на Русија.
Од своја страна, пратеникот од ГЕРБ-СДС Петар Николов рече дека ова е празник и во Северна Македонија, но додаде дека доброто е што 24 мај обединува, а не раздвојува како 3 март.
Пратеникот од бугарските социјалисти Иван Петков ги праша колегите од ГЕРБ-СДС што ако не беше 3 март, што ќе правеа на 24 мај и дали немаше да се слави празникот на турската азбука и дали Бугарија немаше да беше турски султанат.
Пратеникот од ГЕРБ-СДС Тома Биков одговори дека да не беше 24 мај, немаше да биде трети март и го обвини колегата од БСП дека не знаел дека тогаш немало турско писмо, туку арапско.
Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент.
Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој начин.